Connect with us

Фудбал

Шилегов: Најдете 2 милиони евра да му дадете на Самсоненко и ќе го спасиме ФК Вардар

Првиот човек на Град Скопје, Петре Шилегов во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, по упатеното барање од страна на екс-фудбалерот на ФК Вардар, Владимир Неловски за враќање на клубот, рече дека се потребни 2 милиони евара за негов спас.

„Треба да знаат граѓаните дека градот не може го преземе клубот во состојба на долгови. Согласно договорот кога сте го дале на господинот Самсоненко, ако сте биле во таа екипа. Условот да се врати во сопственост на градот е салдо да има нула. Во моментов, клубот има 2 милиони евра долг.“

Шилегов рече дека ќе ја прафати и иницијативата на Владимир Нелоски за спасување на клубот.

Нелоски претходно испрати барање како поранешен член на Вардар, да се изнајде решение за негов спас.

„Би сакал да ги оттргнам и левите и десните, сите политички партии. Би сакал да ги замолам советниците на ВМРО и советниците на СДСМ да видат што може да направат како Град Скопје за помош на фудбалскиот клуб Вардар. Јас сум човек што единаесет години има тренирано во Вардар. Сум бил дел од првата екипа, од младинците, дел од екипата кога се соочувавме со најголемите проблеми во 2010 година, подоцна и кога освоивме титула. Затоа сакам да испратам апел, да му помогнеме на Вардар да се издигне над ситуацијата, бидејќи Вардар е симбол на Скопје и гордост на Македонија“, кажа Нелоски.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com