Фудбал
Ширер: Не знам дали ќе останат во лигата!
Арсенал продолжува да игра катастрофално, па по вчерашниот пораз на гостувањето кај Евртон (1-2).
Момците на Микел Артета изгледаат потполно загубено и се наоѓаат на 15-тата позиција на табелата во Премиерлигата со само 4 бода повеќе од зоната за испаѓање.
„Навистина не сум сигурен дека ќе опстанат. Со ваква почетна екипа и со ваков однос сигурно нема да го сторат тоа. Ужасни се. Нема креативност, играчите не се трудат и не си помагаат. Артета мора да се запраша дали воопшто може да извлече нешто од овие фудбалери“, изјави Ширер.
Во студиото на „ББС“ синоќа гостуваше легендата на англискиот фудбал Алан Ширер кој одговараше на прашањето – Дали Арсенал ќе остане во лигата?
„Навистина не сум сигурен. Со овој почетен состав и со таков пристап кон играта – нема. Ужасни се. Нема креативност, играчите не се трудат, не си помагаат едни на други. Артета мора да се запраша дали може да се потпре на овие играчи. Пепе против Евертон `трчкаше`, а на моменти и одеше. Тука има доста играчи кои воопшто не играат за својот тренер. Со ваква игра сигурно нема да се спасат“ рече Ширер.