Фудбал
Шкендија го доби дербито, Силекс славеше во Тетово
Актуелниот шампион Шкендија славеше на дербито како гостин против Академија Пандев со 1:2. Алими и Ибраими беа творци на победата со пресврт, бидејќи домаќинот по пет минути поведе преку Миловановиќ. Со ова Шкендија се доближи на Вардар на -8 бодови на втората позиција.
Силекс славеше на тешкото гостување во Тетово против Ренова со минимални 1:0 и се наоѓа на високото трето место со што ја продолжи успешната серија без пораз од осум меча. Последен пат кратовци загубија минатата година во октомври на гостувањето кај Шкендија.
Резултати ПМФЛ:
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА 1:2
РЕНОВА – СИЛЕКС 0:1
ШКУПИ – БОРЕЦ 2:0
СТРУГА ТРИМ ЉУМ – РАБОТНИЧКИ 0:1
САБОТА:
ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 3:1
ТАБЕЛА: Вардар 39, Шкендија 31, Силекс 30, Академија Пандев 27, Македонија ЃП 26, Шкупи 25, Струга Трим Љум 24, Борец 20, Ренова 19, Работнички 19.