Connect with us

Фудбал

Шкендија најави поинаков пристап на дуелот со Дуделанж, Номе Калју можен противник во 3. коло од ЛЕ

Екипата на Шкендија денеска одржа прес-конференција на која тренерот Ќатип Османи и капитенот Арменд Алими ги искажаа очекувањата од утрешниот меч со Дуделанж, во 2. квалификациско коло од Лигата на Европа.

„Загубивме по наши грешки од Номе Калју. Сега ќе видите една поинаква Шкендија. Пристапот ќе биде друг. Една од причините за елиминацијата во Лигата на шампионите, беше токму пристапот“, изјави Османи кој најави дека ќе го вклучи Фелипе во првите 11 на овој натпревар.

Алими, пак, истакна дека по елиминацијата од Лигата на шампионите, ова е шанса за поправен.

„Знаеме дека згрешивме, но еве ни шанса да се поправиме. Сигурно дека ќе имаме поинаков пристап сега со Дуделанж. Имаме пред себе противник кој минатата сезона ја елиминираше Легија и играше во групната фаза од Лигата на Европа, и мораме да бидеме внимателни“, смета Алими.

Во меѓувреме Шкендија го дозна можниот ривал за 3. коло од Лигата на Европа. Тоа може да биде Номе Калју, доколку Шкендија го мине Дуделаж, а Естонците бидат елиминирани од Селтик. Тоа значи дека во Скопје повторно би можел да дојде Номе Калју, а Шкендија да бара шанса за одмазда.

Реклама
Реклама

ГАЛЕРИЈА

Реклама
Реклама

Повеќе од Фудбал

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com