Connect with us

Фудбал

Шкендија отпатува за Азербејџан без Алими

Македонските претставници во квалификациите за Лигата на Европа, Ренова и Шкендија ги започнуваат новите европски предизвици и утрово летнаа за Ереван и Сумгајт.

Во овој натпревар Шкендија нема да може да смета на еден од најискусните во своите редови, Арменд Алими. Алими на резултатите од тестирањата кои ги направиле пред тргнувањето добил позитивен тест на коронавирус па нема да биде можност во патува.

„Патуваме за Азербејџан со максимална мотивација, веруваме дека сме доволно силни да ја минеме оваа рунда. Секако, нема да ни биде лесно бидејќи секој натпревар носи потешкотии. Сепак, верувам дека имаме квалитет за да одиграме на високо ниво и да дојдеме до резултатот што го посакуваме и да го освоиме Азербејџан“ – вели и капитенот на Шкендија, Бесарт Ибраими.