Connect with us

Фудбал

Шкендија потврди: Разделба со петтмина фудбалери

Егзон Бејтулаи, Зени Хусмани, Шефит Шефити, Јакуп Бериша и Салејдин Мустави нема да бидат дел од ростерот на Шкендија за пролетниот дел од сезоната. Бејтулаи како слободен фудбалер најверојатно заминува во странство, со Хусмани спогодбено е раскинат договорот, додека Мустафи ја завршува кариерата и ќе се пресели во академијата на клубот како тренер.

Информациите ги потврди тетовскиот клуб, кој на 8-ми февруари ќе замине на подготовки во турскиот спортско туристички центар Анталија.