Connect with us

Фудбал

Шкендија за 30 минути ја „среди“ Ренова

Шампионот на Македонија денеска немаше тешка задача и за 30 минути ја обезбеди победата на гостувањето кај Ренова. Македонскиот шампион три пати ја затресе мрежата на Ренова и дојде до нови три бода.

Се започна во 18. минута кога Ибраими беше прецизен и му донесе водство на гостите од 0:1.

Само две минути подоцна, односно во 20. Ибраими повторно е прецизен и му носи водство на Шкендија од високи 0:2.

Крај на сите надежи на Ренова стави Жуниор. Тој беше стрелецот на голот во 30. минута со кој му донесе на Шкендија високо водство од 0:3. Ова практично, и беше конечниот резултат на оваа средба.

И покрај поразот, Ренова е на сигурната 7. позиција на табелата со 41. освоен бод која гарантира опстанок во ПМФЛ.