Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Шкупи го „праќа“ Пелистер на дното од табелата

Во 35. коло од ПМФЛ Шкупи го совлада домаќинот Пелистер со 0:2. Со овој пораз Пелистер паѓа на дното од табелата, и остануваат се помалку шанси за да стигне до посакуваната 8. позиција на табелата која носи бараж.

Резултатот го отвори Илијоски во 29. минута од натпреварот кој со прекрасен удар ја затресе мрежата на Пелистер, и донесе водство за гостите од 0:1.

Во 38. минута од натпреварот Имери го зголемува водството на Шкупи на и ги поставува конечните 0:2 на оваа средба.

Со оваа победа Шкупи запишува нови три бода, а со вкупно 48 освоени бодови е на 4. позиција на табелата.

Пелистер со 34. Бодови е на последната позиција на табелата, а во последното коло од ПМФЛ му следува тешко гостување кај шампионот Шкендија.