Connect with us

Фудбал

Шкупи се засилува и со Лавдрим Фазлиу од Пелистер

Шкупи продолжува со засилување на своите редови за пролетниот дел од сезоната со младински репрезентативци на Македонија.

Ново засилување за чаирчани треба да биде и фудбалерот на Пелистер, 21-годишниот Лавдрим Фазлиу. Фазлиу одигра одлична есен и се здоби со статус на У21 репрезентативец.

Исто така, одличниот фудбалер на Шкупи, Дембо Дарбо е пред заминување од Шкупи, а како негова следна дестинација се споменува Белорусија, иако постои интерес и од неколку тимови од Германија.