Connect with us

Други спортови

Шмидхофер како Ренате Гечл

Никол Шмидхофер ја забележа втората победа во кариерата на Светскиот куп во алпско скијање, откако за два дена стигна до вториот триумф во канадскиот ски-центар Лејк Луис. По претходната деби победа на првиот спуст од сезоната, 28-годишната Австријка триумфираше и во спустот со време од 1:47.68, победувајќи ја за 44 стотинки својата сонародничка Корнелија Хитер. Швајцарката Мишел Гисин, која беше втора во претходно, стигна до втор подиум со третото место со 0.47 секунди послабо време.

На четвртото место неочекувано заврши Американката Микаела Шифрин, специјалистката за технички трки, со што го зголеми водството во генерален пласман.

Шмидхофер е првата австриска скијачка која успеала да стигне до две победи во низа во спустот по легендарната Ренате Гечл во 2007 година.