Кошарка
ШОK: Еден од најдобрите кошаркари се бори за живот
Еден од најдобрите црногорски кошаркари, Никола Пековиќ, според најавите од балканските медиуми е во тешка здравствена состојба. Прославениот кошаркар на Партизан и Минесота Тимберволвс во моментов се наоѓа во болницата во Подгорица каде докторите се борат за неговиот живот откако пред 15 дена бил хоспитализиран по позитивен тест на коронавирусот.
Никола Пековиќ има 34 години, а по завршувањето на играчката кариера извесно време беше претседател на Партизан. Од почетокот на годинава тој ја извршува функцијата тим-менаџер во кошаркарската репрезентација на Црна Гора.