Фудбал
Шок на „Енфилд“: Легендарниот Далглиш имал позитивен тест на коронавирус
Поранешниот играч и тренер на Ливерпул, Кени Далглиш има коронавирус, тој е во болница. Далглиш бил примен во болница поради инфекција за која морал да добие антибиотици, при што рутински бил тестиран за коронавирус.
„Неочекувано, резултатите од тестот беа позитивни иако тој е асимптоматичен“, стои во дел од соопштението на неговата фамилија.
The Dalglish family have released the following statement to supporters regarding Sir Kenny Dalglish. https://t.co/aNT5fXakFx
— Liverpool FC (at ?) (@LFC) April 10, 2020
69-годишниот Шкотланѓанец Далглиш имаше 355 натпревари за Ливерпул во кои постигна 118 гола, период во кој освои шест англиски титули и три европски круни, пред во 1985 година да стане и менаџер и фудбалер на тимот. Со него, Ливерпул ја освои последната шампионска титула во 1990 година.