SPORTM.mk
Шок на „Етихад“ поради Кевин де Брујн
Манчестер Сити започна преговори со Кевин де Брујн за продолжување на договорот, но првата „фаза“ неславно заврши.
Првата понуда беше одбиена од белгискиот репрезентативец. Тој има договор со клубот до летото 2023 година, но на „Етихад“ сакаат да го обезбедат и да му понудат подобар договор за уште неколку години со поголема плата.
Сепак, Белгиецот, кој во моментов заработува околу 18 милиони евра годишно, не беше задоволен кога клубот му понуди нов договор со одредено зголемување.
Најдобриот играч на Сити, но и во целата Премиер лига сака повеќе пари, бидејќи смета дека заради се што покажува на теренот, заслужи да биде платен уште повеќе.
Нема детали во јавноста за тоа колку Де Брујн бара, но нема сомнение дека челниците на Сити на крајот ќе го задоволат и ќе го наградат соодветно.
Manchester City: De bruyne refuse de prolonger son contrat https://t.co/D6qQ8rwawH
— Média Actu (@Mediaactu20) January 4, 2021