Фудбал
Шок во Наполи, Гатузо одбил да го потпише новиот договор
Џенаро Гатузо одбил да потпише нов договор со кој би се обврзал да остане на клупата на Наполи до 2023-та година. Како што пишува „Газета дело Спорт“ причината е клаузулата на која инсистирал сопственикот на тимот Аурелио де Лаурентис. Имено, првиот човек на екипата, инсистирал на клаузула од 7 милиони евра, сума која би требало Гатузо да ја плати доколку донесе одлука пред време да замине од клупата на Наполи.
Гатузо експресно одбил вакво нешто, по што следуваат преговори за наоѓање на заеднички јазик.