Connect with us

Фудбал

Шок за Барселона и Реал Мадрид, нема скапи трансфери оваа година?!

Шпанската Ла Лига, која има поддршка за идејата од владата, планира да го ограничи трошењето на парите на клубовите за оваа сезона. Имено, како што пренесоа шпанските медиуми, државата планира да им помогне на фудбалските клубови поради пандемијата со коронавирусот и да им исплати одредена сума на пари со кои ќе исплатат плати и други трошоци односно загуби. Сепак, со ова планира да ги ограничи во трансферите, односно да можат да потрошат само една четвртина од парите кои ќе ги добијат од продажба на фудбалерите.

Најпогодена ќе биде Барселона, бидејќи планираше да го купи Лаутаро Мартинез за 111 милиони евра. Секако, тука се Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, или поточно речено поголемите клубови кои „фрлаат“ огромни суми на пари за да ангажираат посакувана ѕвезда.

Останува да се види како сето ова ќе се реши, односно дали пандемијата со Ковид-19 ќе придонесе се повеќе во фудбалот да гледаме размена на играчи, наместо класични трансфери, останува да видиме.