Connect with us

Фудбал

Шок за Билбао: Баскиската легенда објави крај на кариерата

Најдобар стрелец на Атлетик Билбао во 21. век, прв што дал пет гола на меч од Лига Европа. 39-годишниот напаѓач истакна дека неговото тело не му дозволува повеќе да тренира активно и да биде на нивото на коешто бил претходно. Вирусот ковид-19 го прекина фудбалот, а со тоа и кариерата на легендата на Билбао.

Роден е во Сан Себастијан, но Адурис стана легенда и еден од најхаризматичните играчи на тимот од Билбао. Дебито за клубот го имаше во 2002 година, но во меѓувреме играше и за Валјадолид, Мајорка и Валенсија. Од 2012 наваму, играше само за Атлетик и даде 96 гола. Беше одличен во играта со глава, а интересно е што беше како виното, најдобрите денови ги имаше откако наполни 30 години. Последен негов гол кој најмногу се памети беа ножичките во 90-та минута со кои му донесе победа на Атлетик против Барселона, во првото коло од оваа сезона.

„Дојде моментот да се каже крај. Сум кажал и порано дека фудбалот ве напушта пред вие да го напуштите него. Лекарите ми рекоа дека ми треба операција на колкот ако сакам подоцна да имам нормален живот. Телото ми кажа дека доволно бешеиграњето фудбал. Не можам да им помогнам на соиграчите колку што сакам и колку што тие заслужуваат. Ви благодарам на сите“ – напиша Адурис во дел од прошталното писмо.

Фудбалерот кој е роден во Сан Себастијан кариерата ја почна во далечната 1999 година. Една година играше за Аурера, а потоа од 2000 до 2002 беше дел од Б-тимот на Атлетик Билбао. Меѓу сениорите беше промовиран во 2002 година, но не доби шанса, па беше испратен на позајмици.