Connect with us

Други спортови

Шок за Федерер: Мораше да направи принудна операција, дали е ова крај?

Веста што одеднаш се појави утрово е дека Роџер Федерер повеќе нема да настапува, барем кога станува збор за оваа сезона.

Имено, Федерер треба да има операција, а се планира да се врати следната сезона, но доколку се оди добро.

Швајцарецот реши да им се обрати на своите фанови преку неговиот официјален профил на Твитер.

“Драги обожаватели, се надевам дека сте добри и здрави. Пред неколку недели, за време на мојата рехабилитација, не се чувствував добро и ќе мора да направам операција на десното колено. Планирам да се вратам 100 проценти здрав, за да можам продолжам да играм на највисоко ниво. Ќе ми недостасуваат моите фанови и турнири, но оптимист сум за 2021 година “, напиша Роџер Федерер.

Токму оваа најава ги загрижи сите љубители на тенисот, но и сите оние кои играат тенис, затоа што сите знаеме кој и што претставува Роџер Федерер за Тенисот.

Она што загрижува е фактот дека Федерер не се опоравува како што треба, па прашање е како ќе оди самата операција, но и закрепнувањето после тоа.

Многумина веруваат дека ова би можело да биде крај на одлична кариера, но дефинитивно би завршил на неубав начин во тој случај.