Фудбал
Шок за Меси и Аргентина, ова никој не го очекуваше, заминува човекот кој донесе два трофеји!
Не само што Аргентина ја освои Копа Америка во 2021 година по пауза од 35 години, не само што конечно ја освои третата титула на Светскиот куп под водство на Скалони, туку следеше период на одлична нова форма.
Сега во драматичен натпревар беа подобри од Бразил со 1:0 на „Маракана“, а потоа следеше шок. Токму трофејниот селектор најави заминување од репрезентацијата. Тренерот кој ги донесе сите овие успеси, кој конечно правилно го среди тимот околу Лионел Меси иако во првите шест натпревари во квалификациите има пет победи и триумф над најголемиот ривал сега размислува да си замине!
“Сакав да кажам една работа… Имам многу за размислување во моментов. Морам да размислам што ќе правам. Ова не е мое заминување, но морам да размислувам. Тешко е да продолжам да победувам. Нашите играчи заслужуваат тренер кој ќе им даде максимална енергија. Тоа ќе му го кажам на претседателот на федерацијата и на играчите“, изјави Скалони по натпреварот со Бразил.
По натпреварот, одбранбените столбови Николас Отаменди и Кристијан Ромеро излегоа пред медиумите и истакнаа дека не помислуваат да дозволат тренерот да го напушти кормилото на тимот!
-Беше шок. Ќе мора да разговараме со тренерот, се надевам дека ќе биде помирен. Ова беше тешка недела за нас“, рече Отаменди, а Ромеро додаде: „Ние сигурни сме дека Скалони ќе продолжи да работи. Да видиме и да му дадеме време да размисли, ќе се обидеме да го убедиме“.