Connect with us

Фудбал

Шок за Реал Мадрид, Рамос во „аут“

Реал Мадрид најмалку еден месец ќе биде без Серхио Рамос. Информацијата ја потврди самиот тим кој вели дека станува збор за повреда на бутниот мускул. Ова секако се лоши вести ако се знае дека Рамос пред неколку дена се опорави од повредата на менискусот поради која паузираше два месеци.

За Реал Мадрид ова се лоши вести ако се знае дека следува клучен период. „Кралевите“ имаат двомеч против Ливерпул на 6-ти и 14-ти април во ЛП, помеѓу пресметките со англискиот тим, имаат и „Ел Класико“.