Connect with us

Фудбал

Шокантен пораз на Челзи од последниот на табелата, Манчестер Сити се загуби во „шумата“ (ВИДЕО)

Два големи кикса во Премиер лигата на денешната програма. Манчестер Сити не успеа да го совлада Нотингем Форест, одигра само 1:1, па му допушти на Арсенал повторно да го превземе водството на премиерлигашката трка за титулата. „Топџиите“ по победата над Астон Вила имаат два бода предност во однос на „Граѓаните“.

За Манчестер Сити добро се одвиваа работите се до 84-тата минута кога Вуд израмни на 1:1, а претходно поведоа во 41-та преку Силва.

Челзи доживеа шокантен пораз од Саутемптон, па се покажа дека големите милиони „фрлени“ во зимскиот период за атрактивни и квалитетни засилувања не донеса нешто ново. Лондонските „сини“ загубија дома, а големата победа на гостите им ја донесе Ворд Проус со гол во судиското продолжение од првото полувреме. До крајот немаше промена на резултатот. Челзи е на ниското 10-то место. Саутемптон е последен на табелата.


Standings provided by Sofascore