Connect with us

Фудбал

Шокантни сцени од Бразил, со ќеркичката во раце влета на теренот и шутираше фудбалер (ВИДЕО)

Неверојатни сцени во бразилскиот фудбал, еден навивач со ќерката во раце истрча на теренот и го шутна во меѓуножјето  противнички фудбалер. Сето ова се случи по крајот на натпреварот помеѓу Интернасионал и СЕР Касиљас. Ако детето не беше со него, веројатно работите ќе завршеа полошо за него.

Касиљас по подоброто изведување пенали се пласираше во финалето на бразилскиот „Гаучо шампионат“ и затоа овој навивач изгледа ги загуби нервите. Тој беше видно лут поради поразот од неговиот тим, па истрча на теренот со детето. Кога го шутна, интервенираа стјуардите и соиграчите. Кога забележале дека има дете во рацете, реагирале поинаку отколку што би требало во друга ситуација.

Јасно е дека тој се соочува со драконска казна и евентуално забрана за следење на натпреварите на својот клуб во некој период во иднина. За тоа време Касиљас продолжува понатаму и ќе игра со Греми во финалето. Погледнете и како изгледаше: