Connect with us

Други спортови

Шокантни сцени од Светското првенство во Будимпешта

Крајот на индивидуалните настапи во уметничко пливање на Светското првенство во Будимпешта за малку ќе се претвореше во трагедија.

Американката Анита Алварез се онесвестила додека ја изведувала својата вежба, а на крајот животот и го спасил тренер кој скокнал во водата и некако успеал да ја извлече.

Сцените не беа воопшто убави за гледање бидејќи Алварез беше на неколку секунди од смртта, но за среќа сега е надвор од животна опасност.

Таа во наредните денови ќе и биде подложена на детални прегледи за да се утврди што ја довело до губење на свеста додека била во вода.

Инаку, 25-годишната Алварез својата конкуренција ја заврши на седмото место, додека златото и припадна на Јапонката Јукико Иниуси.

“Анита се чувствува навистина добро. Скокнав во водата бидејќи видов дека нема спасител или некој друг. Бев малку исплашена бидејќи не дишеше”, изјави нејзиниот тренер Андреа Фуентес.

Според резултатите, Алварез треба да биде подготвен за финалниот настап во екипна конкуренција.