Други спортови
Шокантни вести, Рафаел Надал ја прекинува кариерата?!
Шокантни вести објави новинарот Анхел Гарсија, кој воедно е тениски експерт. Тој тврди дека Рафаел Надал ја завршува кариерата. Причина за тоа како што тврди тој е повреда.
„Рафа има целосно „анестезирана нога“ поради ризичниот лекарски третман кој го направи само за да може да игра во Париз. Има големи болки во стапалото, а една коска има некроза и практично „умира“. Ќе се бара решение и можеби ќе се наде, но сигурно е дека Надал нема да игра тенис по Ролан Гарос и тоа се додека не се најде вистинското решение за повредата. Иако игра со големи болки и ќе има последици по гренд слем турнирот, Надал смета дека Ролан Гарос е вреден за тоа“, откри Гарсија.
Новинарот е сигурен дека Надал нема да настапи на последните два гренд слем турнири годинава, Вимблдон и УС Опен и прашање на време е кога ќе објави крај на кариерата.