Connect with us

Фудбал

Шокантно тврдење на Лукаку: Сите бевме болни, имавме треска и кашлица, но не бевме тестирани

Напаѓачот на Интер Ромелу Лукаку ја разбранува италијанската јавност со неговата изјава. Тој тврди дека во месец јануари, пред Италија да го открие првиот случај со коронавирус, 23 од вкупно 25 фудбалери на Интер биле болни. Имале кашлица, треска и некакви болки во градите, но никогаш не биле тестирани на коронавирус.

-По одморот во декември од една недела се вративме на клупските обврски. Се колнам дека 23 од 25 фудбалери бевме болни. Игравме против Каљари, но по само 25 минути игра еден наш играч мораше предвреме да го напушти теренот, бидејќи не можеше да издржи, вели Лукаку за белските медиуми.

Станува збор за мечот одигран на 26 јануари, во Милано кој заврши 1:1. Навистина тогаш дефанзивецот Шкриниар во 25 минута го напушти теренот и на негово место влезе Годин.

-Сите кашлаа и беа настинати. Јас кога се загревав почувсвував таква топлина како никогаш претходно. Со години немав настинка, вели Лукаку.