Тајмаут
Шокот не завршува: Светските sвезди се збогуваат со легендарниот Коби Брајант
Фановите се собираат пред Стејплс Центар во Лос Анџелес, а пред салата каде што играл 20 години, има големи видео-бимови со негови црно-бели фотографии.
Многумина плачат и не можат да разберат дека тоа се случило. Коби Брајант, заедно со неговата 13-годишна ќерка и седум други, го загубија животот во хеликоптерска несреќа.
Неверувањето владее на секој чекор. Во тековните натпревари во НБА, публиката е тивка, некои играчи не можат да играат, многумина на опремата го имаат испишано името на легендарниот кошаркар, а на социјалните медиуми, sвездите се збогуваат со легендата во НБА, која замина на 41 години.
Фудбалери, кошаркари, боксери, скијачи, возачи на Формула 1, мотоциклисти, рагбисти … се молат за Коби и неговото семејство.
