Connect with us

Други спортови

Шоу на Новак Ѓоковиќ на концерт, го погоди песната, па почна да лудува на дождот (ВИДЕО)

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ одлично се забавуваше на концертот на Владо Георгиев во кулата Канли во Херцег Нови. Српскиот ас се подготвува за продолжението на сезоната во Црна Гора, а слободното време максимално го користи за да се опушти во друштво на семејството и пријателите. Со сопругата Јелена во саботата вечерта присуствуваше на концертот на популарниот кантавтор Владо Георгиев, а судејќи по видеата кои се
појавија на социјалните мрежи, Ноле одлично се забавуваше.  

Кога пејачот ја отпеа песната „Лажни луѓе, Ѓоковиќ падна во транс. Ни дождот што паѓаше не успеа да му го расипе расположението. Тој скокна од столот, го грабна дуксерот и мавташе со него, што предизвика воодушевување кај публиката, но и на самиот пејач кој не ја симна насмевка од лицето кога ја забележа реакцијата на својот специјален гостин.