Connect with us

Други спортови

Шоу на Новак во Мелбурн – Одигра оро, наздравија со Кирјиос и ја воодушевија публиката!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска изјави дека е „малку емотивен“ по топлиот пречек во Мелбурн, каде во пресрет на Австралија Опен одигра егзибициски меч со домашниот играч Ник Кирјиос.

Сите 15.000 билети за Род Лејвер Арената беа распродадени за само 58 минути, а приходот одеше во хуманитарни цели.

Ѓоковиќ, кој пред една година беше депортиран од Австралија бидејќи не бил вакциниран против корона вирусот, наиде на топло добредојде.

„Ви благодарам многу, сега сум малку емотивен, да бидам искрен“, рече Ѓоковиќ откако неговото појавување на теренот беше проследено со аплауз.

„Навистина со нетрпение чекав да се вратам на ова поле. Ви благодарам на сите што дојдовте“, додаде тој.

Ѓоковиќ, која имаше малку проблем со повредата на почетокот од оваа недела, одлично се движеше на овој меч, па дури и пред почетокот и кажа дека се чувствува добро.

Новак е и првиот фаворит за освојување на првиот Грен слем сезонава.