Поврзи се со нас

Фудбал

Шпанија и го нанесе најтешкиот пораз на Германија во историјата

Во рамките од последното коло во Лигата на Нации, вечерва се одиграа неколку интересни дуели.

Дербито беше во Севиља, односно требаше да биде, но се покажа дека Шпанија во моментов е за неколку класи подобра од Германија. Со тоа Шпанците му го нанесоа најтешкиот пораз на германскиот национален тим во историјата, кога станува збор за официјални натпревари. Шпанците, верувале или не, победија со 6:0 со што ова е жесток шамар за некогашниот светски првак пред Европското првенство идната година.

Херој на Шпанија беше Феран Торес кој постигна три гола, а по еден дадоа Мората, Родри и Ојарзабал.

Во другите мечеви, Франција ја совлада Шведска со 4:2, додека Португалија во последните минути оствари победа над Хрватска со 2:3. Црна Гора беше подобра од Кипар со 4:0, а Луксембург и Азербејџан одиграа без голови.

Андора беше поразена од Летонија со 0:5, додека Гибралтар – Лихтенштајн и Малта – Фарски Острови одиграа со идентични 1:1.

loading...

Facebook