Connect with us

Кошарка

Шпанија и Турција продолжуваат во елиминациската фаза од Евробаскетот

Шпанија ја победи Турција со 72:69 во последната средба на двете селекции во групната фаза на Евробаскетот. Ла Фурија беше на чело на групата А со 4 победи и 1 пораз, додека Турција ќе биде на втората или третата позиција во зависност од тоа како ќе се одигра натпреварот меѓу Грузија и Црна Гора.

Се играше изедначено, а најголемата разлика на натпреварот дојде во третата четвртина кога Шпанија водеше со 6 поени разлика. Во последните две минути од натпреварот репрезентациите во игра влегоа изедначени, но на крајот Шпанија успеа да ја надмине Турција.

Најкорисен за „Ла Фурија“ беше Вили Ернангомез, кој постигна 15 поени и 7 скока. Лоренцо Браун постигна 11 поени и 7 асистенции, додека Чаби Лопез-Аростеги додаде 9 поени.

Кај Турција најефикасен беше Алперен Шенгјун, кој забележа дабл-дабл – 14 поени и 12 скока. Џеди Осман постигна 20 поени, а Фуркан Коркмаз додаде 16 поени.