Connect with us

Фудбал

Шпанска Ла Лига го величи Столе Димитриевски, дури и му даде ново име (ВИДЕО)

Еспањол славеше со 2:1 на гостувањето кај Рајо Валјекано, тим за кој настапува нашиот Столе Димитриевски. Покрај неговите неколку фантастични одбрани, сепак неговиот тим не успеа да го избегне овој пораз. А, дека Столе беше фантастичен денеска покажува и објавата на Ла Лига на совијалните мрежи. Тие објавија една од одбраните на Димитриевски и напишаа „ МУРО ТРИЕВСКИ“. Инаку „муро“ на шпански значи ѕид. Со ова е јасно каква е пораката на Ла Лига.