Connect with us

Фудбал

Шпанската Ла Лига го шокираше Меси: Можеш да одиш од Барселона, но не како слободен играч туку за 700 милиони

Сагата околу иднината на Меси добива нова димензија откако се огласи и шпанската Ла Лига, поточно комисијата која надлежна за регистрација на фудбалери и трансфери. Како што е познато Аргентинецот сака да замине и да го раскине договорот на една година пред истекот на договорената соработка.

Вакво нешто постоеше во клаузулата, но рокот за актовација беше 31 мај. Меси се вади на продолжувањето на сезоната поради коронвирусот, но Барселона не попушта, па бара 700 милиони евра, колку што е откупната клаузула. Ова го потврди и Ла Лига која преку соопштение порача дека за да биде се регуларно Меси може да замине доколку некој клуб го плати обњштетубањето. Манчестер Сити, Интер, ПСЖ и Јувентус се спомнуваат како тимови заинтересирани за Меси, но сепак ниту еден од овие клубови би платил толкава сума. Дали ќе биде пронајден некаков договор помеѓу Меси и Барселона останува да се види.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com