Connect with us

Фудбал

Шпанската Ла Лига се враќа во јуни со дерби?

Хавиер Тебас, претседател на шпанската Ла Лига, очекува сезоната да биде рестартирана на 11 јуни и тоа со локалното дерби Севиља и Бетис.

-Би сакале да започнеме со дербито на Севиља во 22 часот навечер. Нашата идеја е што попрво да ги утврдиме термините за првите четири меча. Но, проблемите со медиумите исто така треба да се разговараат. Сите сакаат да бидат на стадиони, тоа ќе биде невозможно, вели Тебас.

Шпанскиот премиер Педро Санчез пред неколку дена даде дозвола сезоната да биде рестартирана, без навивачи, со зголемени мерки на безбедност, со ограничен број на медиуми на стадионите.