Connect with us

Фудбал

Шпанската влада објавува добри вести

Пандемијата на коронавирус се чини дека полека попушта во најголемите жаришта на Европа.

Италија и Шпанија се сериозно погодени од коронавирусот, огромен број луѓе го загубија животот, но ситуацијата полека се стабилизира од ден на ден.

Подобрата здравствена состојба би можела побргу да ги врати спортистите на „боиштата“. Италијанските клубови би можеле да започнат со работа на 4 мај, а се чини дека Шпанците би можеле да започнат со тренинзи и во тој период.

Шпанската влада е уверена дека 26 април ќе биде последниот ден од вонредната состојба. Се очекува од тој ден работите да се вратат во нормала и живот полека да започне да тече.

Ова ќе значи дека и спортот во оваа земја треба да се врати на почетокот на мај. Секако, сето тоа ќе биде под контролирани услови за да не се наруши здравјето на фудбалерите и се претпоставува дека фудбалскиот шампионат би можел да започне на крајот на мај.