Фудбал
Шпански „АС“ открива: Што направил утрово Пике за да може вечерва да игра на „Ел Класико“?
„Ел Класико“ се игра вечерва до 21:00 часот, а се очекуваат многу возбудувања со оглед на позицијата на табелата. Играчите на Барселона утрово отпатувале во Мадрид каде ќе се игра мечот. Во авионот се најде и Жерард Пике кој се уште не се опоравил потполно од повредата.
Пике тренирал со екипата во претходните денови, но јасно е дека не е 100 отсто подготвен. Сепак, одлучил да направи се, со цел да се најде вечерва на теренот. Имено, мадридски „Ас“ тври дека Пике дури примал инјекции и земал апчиња за болки за да му издржи коленото вечерва. Јасно е дека само со ова би можел да ја влоши повредата доколку заигра. Сепак, конечната одлука ќе ја донесе тренерот Роналд Куман.