Connect with us

Фудбал

Шпански „АС“ тврди: Реал Мадрид ќе го задржи Лука Јовиќ

По доаѓањето во Реал Мадрид, се очекуваше многу повеќе од Лука Јовиќ.

Тој обезбеди одлични настапи во Ајнтрахт, кои го донесоа во Реал, но таму не го видовме најдоброто од него.

Му недостасуваа голови, но и минути, бидејќи Карим Бензема доби шанса да игра пред него затоа што игра навистина добро.

Се очекуваше дека на крајот на сезоната Јовиќ или ќе замине на позајмица или дека Реал ќе го продаде на друг клуб, но ништо нема да се случи од тоа.

Според „АС“, управата на Реал Мадрид нема намера да се ослободи од Лука Јовиќ, туку ќе го задржи и ќе му дозволи да се бори за своето место во тимот.