Connect with us

Фудбал

Шпански клуб го бара Бакајоко

Францускиот играч од средниот ред моментно е на позајмица во Монако, но Челзи е заинтересиран да го продаде во текот на следното лето.

Севиља е заинтересирана за трансфер на играчот од средниот ред на Челзи, Тимуе Бакајоко.

Веста ја објавија француските медиуми „Франс Фудбал“.

Шпанскиот клуб планира да направи понуда за 25-годишниот играч, доколку се квалификува во Лигата на шампиони.

Бакајоко во моментов е на позајмица во Монако.

„Сините“ го проценуваат фудбалерот 42 милиони евра.

Бакајоко, од своја страна, изрази желба да се врати во Милано, каде што помина една сезона на позајмица.