Connect with us

Други спортови

Шпанскиот тенисер суспендиран на осум години поради местење натпревари

Енрике Лопез Перез се соочи со навистина голема казна бидејќи беше утврдено дека учествувал во местење на натпревари.

Шпанскиот тенисер се занимаваше со „незаконски активности“ во 2017 година, а три години подоцна ја дозна казната.

За време на осумгодишната суспензија, Лопез Персе не може да игра никакви официјални натпревари, па дури и му е забрането да присуствува на нив, а исто така беше казнет со 25.000 долари.

29-годишниот тенисер го постигна најдобриот пласман во кариерата во 2018 година, кога беше 154-ти играч на АТП-листата.