Фудбал
Шпанските медиуми: Нејмар е приоритет број еден за Барселона!
Водечките шпански медиуми пренесуваат информации за тоа дека бразилскиот фудбалер Нејмар би можел да се врати во Барселона во текот на летото.
Најскапиот фудбалер на светот се најде на насловната страна на каталонскиот Спорт, но и на Мундо Депортиво и двата медиуми тврдат дека Нејмар повторно би можел да го носи дресот на каталонскиот гигант во текот на летото.
Спорт наведува дека Нејмар е приоритет број еден за Барселона во наредниот трансфер период, додека Мундо Депортиво тврди дека Бразилецот веќе побарал од раководството на ПСЖ да го ослободи во текот на летото.

Исто така, ФИФА и овозможи на Барселона поагресивен пристап кон овој трансфер и сето тоа води кон тоа дека Нејмар повторно би можел да го носи дресот на тимот до „Ноу Камп“.

Потсетуваме, во 2017 година Нејмар премина од Барселона во ПСЖ во трансфер врден 222 милиони евра, но од самиот почеток беше постојано поврзан со враќање во каталонскиот клуб.
Тој има одиграно само 78 натпревари во три сезони во Париз и постигна 67 голови, додека во Барселона, каде играше од 2013 до 2017 година на 186 натпревари, постигна 105 голови.