Connect with us

Фудбал

Шпанските медиуми откриваат кога Азар се враќа на теренот!

Реал Мадрид со нетрпение го чека враќањето на Еден Азар. Белгиецот не играше многу оваа сезона и неговиот придонес не беше како што се очекуваше. Напаѓачот го следи лоша среќа поради големиот број на повреди оваа сезона.

Неговата повреда не ги загрижи шпанските лидери, и конечно има датум за негово враќање. Шпанските медиуми пишуваат дека 29-годишниот фудбалер се очекува да се врати на дербито против Атлетико Мадрид. Овој натпревар ќе се одигра на 1. февруари.

Зидан со нетрпение го очекува враќањето на играчот, бидејќи ќе има уште едно оружје за напад. Французинот не е без опции во нападот, но сепак ја знае вредноста на Азар и квалитетот што му го носи на тимот.