Connect with us

Други спортови

Шпанското чудо „високо леташе, но ниско падна“: Голема драма и болен крај на Алкараз

Германецот Александар Зверев во одличен натпревар го совлада суперталентираниот Карлос Алкараз и со тоа се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос.

Шпанското тениско чудо беше познато како апсолутен фаворит во дуелот со Зверев, но многу лошо го отвори мечот исто како и досега против својот сонародник Рамос. И додека од 0:2 успеа да стигне до 3:2, овојпат немаше сили за такво нешто.

Зверев се реваншираше за убедливиот пораз во финалето на Мастерсот во Мадрид пред 20-ина дена. Тој славеше со 6:4, 6:4, 4:6, 7:6.

Петтиот гем од првиот и седмиот гем од вториот сет беа клучни за германскиот тенисер да создаде предност, но и повеќе од јасно беше дека младиот Алкараз ќе направи се за да се врати.

На крајот од третиот сет имаше брејк шанса со водство од 5:4, па тој се враќа во мечот. Во четвртиот сет Зверев дојде до брејк во деветтиот гем и водеше со 5:4, сервираше за меч, но Шпанецот повторно се спаси. Во следниот гем убедливо го добива гемот на сервис на Германецот и израмнува.

Се влезе во тај-брејк и следеа серија неверојатни потези и поени од двете страни. По голема драма Алкараз попушта, Зверев стигнува до меч топката и на крајот голема победа.