Connect with us

Фудбал

Шпанците го „крадат“ најголемиот италијански талент, новиот Пирло

Сандро Тонали е многу ценет во европски рамки, се смета за еден од најталентираните играчи за врска во Европа.

Вниманието на клубовите го сврте уште минатата сезона, а оваа само потврди дека посетува квалитет и талент. Бројни клубови се заинтересирани за него, Интер наводно ги забрзал преговорите да го ангажира следното лето. Но, тука се Јуве и ПСЖ.

Сепак, последните информации велат дека Атлетико Мадрид е сериозно заинтересиран за Тонали, па Бреша се размислува. Според информациите Атлетико е подготвен да плати повеќе од 40 милиони евра, да го остави Тонали во Бреша до крајот на сезоната и да се пресели во Мадрид во јуни. Ова секако и одговара на Бреша, која покрај големата заработка, би го задржала до крајот на сезоната својот најдобар фудбалер.