Фудбал
Шпанците носат нови детали: Која е жената со која Пике ја изневерил Шакира?
По 12 години заврши врската меѓу Жерар Пике и Шакира.
На 4 јуни 2022 година, колумбиската пејачка објави кратка изјава во која објави дека се разделува со фудбалерот на Барселона.
Новинарите на Марка пишуваат дека Шакира двапати се обидела да се смири со Жерар Пике, но безуспешно. После тоа реши да издаде официјално соопштение со кое ја најавува разделбата, што го изненади Пике.
Изворот пишува и дека и покрај проблемите со кои се соочила, Шакира сепак го сакала Пике, поради што дала се од себе да остане со него. Но залудно.
Иако медиумите шпекулираа за неверството на фудбалерот, извори блиски до него открија дека за такво нешто не се зборувало.
Сепак, шпанските новинари излегуваат со нови детали за жената со која Пике наводно ја изневерувал Шакира.
Таа има 22 години, а не 20, како што беше првично напишано и е пријател со сопругата на Рики Пуиг, колега на Жерар Пике од Барселона.
„Пике беше тој што сакаше, тој и Шакира да бидат разделени некое време, а не таа. Не можам да кажам точно каков однос има Пике со оваа млада жена, бидејќи би ја повредила Шакира“, изјавила новинарката Лорена Васкез.