Connect with us

Фудбал

Шпанците пресметаа: Еве колку Азар го чини Реал за секоја минута на теренот!

Еден Азар е најголемото разочарување во тимот на Реал Мадрид. Белгиецот, во летниот преоден рок во 2019 година, пристигна во Мадрид како големо засилување. Реал за неговиот ангажман издвои 105 милиони евра.

Белгиецот пак се повреди минатото коло во Примера и по половина час го напушти теренот во поразот на Реал Мадрид дома од Алавес (1-2). Поради тоа, со право Азар се смета за големо промашување досега, иако е неспорен неговиот квалитет и партиите кои ги пружаше во Челзи.

Минатата сезона одиграл само 22 натпревари, а оваа само шест. Шпанските медиуми колку Реал ја плаќа секоја минута која Азар ја минува на теренот.

Фановите се бесни, а медиумите во Шпанија пресметаа дека Азар го чини Реал огромни 72.000 евра за секоја минута што ја минал на теренот, притоа не сметајќи ги парите платени за трансферот. Навистина е штета што Азар не може да фати континуитет, бидејќи своевремено беше меѓу најдобрите и најкорисни крилни напаѓачи во светот.