Connect with us

Други спортови

Шпанците се сомневаат: Ретка болест на коските го мачи Надал

Шпанските медиуми ги пренесуваат изјавите на лекарите кои сметаат дека Рафаел Надал страда од ретка болест, милер-вајсова болест.

Милер-Вајсовата болест ги напаѓа коските во стапалата, а со текот на времето се шири и на други делови од телото, вклучително и на колената, со кои Надал честопати имаше проблеми во минатото.

Најдобриот шпански тенисер дознал за оваа болест во 2005 година, но тогаш му било кажано дека поголемите симптоми се појавуваат на подоцнежна возраст.

„Тешко е да се заклучи дека ова е болест во рана фаза. Болката се појавува во средниот и задниот дел на стапалото, од кои овие делови отекуваат, а потоа болката се пренесува преку глуждот до коленото. Кога пациентот оди или трча, состојбата се влошува “, велат лекарите.

Надал има многу проблеми со повредите од почетокот на сезоната.

Тој страдаше од болки во грбот на Австралија опен, а неодамна го откажа учеството на турнирите во Ротердам и Акапулко.