Ракомет
Штербик ја завршува кариерата поради коронавирусот
Еден од најдобрите ракометни голмани на сите времиња, Арпад Штербик се повлече од ракомет.
Штербик кој е роден во Србија, од 2018 година го носи дресот на Веспрем, а тековната сезона во првенството на Унгарија ќе биде неговата последна во кариерата, бидејќи тој го најавува своето повлекување претходно.
Дефинитивно се реши на тоа поради пандемијата на коронавирусот.
„Оваа одлука е многу тешка. Искрено, ми беше тешко да се реактивирам и да бранам после долга пауза. Се чини дека дуелот со Татабања е последниот што го одиграв во кариерата. Жал ми е што нема да одиграм уште еден фајнал-фор. Сакав да бркам друга титула на Европски шампион“, рече Штербик.
Штербик ја започна својата професионална кариера во Србија играјќи за Југовиќ, а пред дапристигне во Веспрем, тој настапуваше за Вардар, Барселона, Атлетико Мадрид и Сиудад Реал.
Во богатата ризница на трофеи може да се издвојат четири освоени во Лигата на шампионите.