Connect with us

Ракомет

Штербик: Се заситив од ракометот, но сопругата ме наговара да ја продолжам кариерата

Арпад Штербик е секако еден од најдобрите голмани на сите времиња, но тој реши да стави крај на кариерата.

Тој најави повлекување кон крајот на минатата година, но пандемијата на коронавирус само го забрза пензионирањето.

Во разговор за медиумите, Штербик откри дека неговата сопруга го убедила да не се збогува и да ја продолжи кариера.

„Знаете, јас сум како дизел. Тешко се движам, потребно ми е време да ја достигнам работната температура. Не сум подготвен за нов почеток и се заситив од ракометот. Сопругата ме наговара да продолжам со кариерата за да можам да имам подобро збогување. Сепак, јас навистина немам волја за нов почеток“, рече Штербик.

Тој во својата одлична ракометна кариера настапуваше за Веспрем, Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, Барселона и Вардар.