Connect with us

Други спортови

Штета, Калин Ивановски запрен во четвртфиналето на Вимблдон

Македонскиот тенисер Калин Ивановски кој во изминатите неколку денови ја израдува македонската, а воодушеви светска јавност со неколку негови атрактивни потези, е сопрен во четвртфиналето на тенискиот турнир Вимблдон за јуниори.

Тој попладнево е поразен од Шпанецот Роденас од кого загуби со 2:1 во сетови. Иако имаше предност од 1:0 во сетови (6:3), сепак во следните два Роденас на крена својата игра на ниво погоре и успеа најпрво со тај бреј (7:6 – 7:5) да израмни на 1:1, а потоа во третиот сет да дојде и до конечен триумф од 6:3.