Фудбал
Што би направил Роналдо ако го имаше буџетот на Реал? „Би го купил Мбапе“
Пораката на Бразилецот Роналдо е многу јасна за поранешниот клуб (Реал), мора да ’трча’ и да ги обезбеди услугите на Мбапе.
Килијан Мбапе со години се опишува како наследник на Лионел Меси и Кристијано Роналдо, фудбалерот кој ќе доминира во фудбалскиот свет по Меси и Кристијано.
Ова го потврди легендата на Бразил, Интер и Реал, Роналдо.
На прашањето кој фудбалер го гледа во иднина кој ќе го допре врвот на фудбалот и дали би го купил без оглед на цената ако го има буџетот на Реал Мадрид, тој одговори: „Јас би го купил Мбапе“.
„Тој е единствениот што ме потсетува на себе си кога играв фудбал“, додаде Роналдо.
Бразилецот поседува 51% удел во Реал Ваљадолид, но знае за факт дека Мбапе никогаш нема да може да го испрати таму, па на некој начин, тој испратил пораки до поранешниот клуб и Флорентино Перез дека Мбапе е играч кој доаѓа еднаш во неколку години, како што се Кристијано Роналдо и Лионел Меси.