Connect with us

Други спортови

Што е тоа на раката? Новак Ѓоковиќ ги загрижи фановите (ФОТО)

Новак Ѓоковиќ се мачеше во Аделаида, по големите проблеми и два тај-брејка, го скрши отпорот на Квентин Халис (Франција) – 7:6, 7:6. Сепак, еден детаљ дополнително ги загрижи фановите, она кое го носел на десната рака.

Забележливо беше дека на овој дуел Новак не беше на неговото познато ниво и дека многу се мачеше со 64. играч на светот. На крајот успеа да победи, но сите го видоа тој детаљ на раката. По натпреварот, пред да оди да даде автограми и да даде изјава на теренот, Новак се пресоблече и ја симна лентата.

На фотографијата која се појави на социјалните мрежи од натпреварот, може да се види Новак како се облекува и носи лента на раката. “Што е тоа на неговата рака? Дали е само мерка на претпазливост или?”, прашал еден од неговите обожаватели. Засега нема одговор, се чини дека не се работи за нешто сериозно, бидејќи Ѓоковиќ не би ризикувал да учествува на Австралија опен. Можеби во наредните денови ќе ја открие и таа мистерија.