Connect with us

Фудбал

Што и да се случи Зидан ќе даде отказ, Реал не може да му ги исполни барањата?!

Зинедин Зидан го преживеа ултиматумот од раководството на Реал Мадрид. Од него се бараше да победи против Севиља и Борусија (М) за да ја задржи својата позиција. Тој тоа го стори. Но, сепак чудната атмосфера и ситуација во клубот останува.

Причините поради тоа се финансиите. Имено, како што пишува „Дариогол“ раководството на тимот не може да му ги исполни главните желби на Зидан, а тоа се Пол Погба, Садио Мане и Едуардо Камавинга. Поради пандемијата, но и поради тоа што не може да се „ослободи“ од некои фудбалери по добра цена, „Кралевите“ не се во можност да ги купат овие тројца играчи.

Поради тоа „Дариогол“ тврди дека Зидан ќе поднесе оставка на кормилото, поради состојбата во клубот не е ветувачка.